Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Киев: Руските објекти во окупираните украински области се легитимна воена цел

Од: А1он

Сите „руски објекти“ лоцирани на окупираните украински територии се легитимни цели за воен напад, а украинската контраофанзива е дел од одбранбената војна, изјави Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„Секоја контраофанзива и деокупација на територии се вклопува во концептот на одбранбена војна. Ова е апсолутна аксиома и за раководството на Украина и за нашите сојузници“, напиша Подољак на Твитер.

Шефот на канцеларијата на Зеленски, Андриј Мелник, ги опиша постапките на Русија како „тотално лудило“.

„Бесполезните одлуки на една терористичка земја не вредат ниту хартијата на која се потпишани“, напиша тој на Телеграм.

Извор: МИА