Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Кина продолжува со воените вежби во близина на Тајван

Од: А1он

Кинеската војска денеска најави нова вежба во близина на Тајван, сигнализирајќи дека активностите околу островот продолжуваат по серијата вежби што беа одржани веднаш по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

dobivaj vesti na viber

„Народноослободителната армија спроведе денеска противподморнички и поморски вежби во воздушниот и поморскиот простор во близина на Тајван“, соопшти кинеската команда. што требаше да заврши во недела, пишува Блумберг.

Да потсетиме, Кина вчера требаше да заврши со спорните воени вежби околу Тајван. Војската на Тајван објави дека 20 кинески воени авиони и 14 воени бродови учествувале во вежбите во саботата, а кинеските беспилотни летала повторно биле забележани над островот Кинмен, кој е под управа на Тајван.

Островот се наоѓа на само 10 километри од пристанишниот град Ксиамен на кинеското копно. Според експертите, немало кинески прелетувања на островот, познат како Quemoy, од 1950-тите.

Кинеското раководство во Пекинг започна маневри како одговор на посетата на Ненси Пелоси на Тајпеј. Вежбите ја претставуваат најголемата кинеска демонстрација на воена сила откако ракетните вежби во средината на 1990-тите ги поттикнаа САД да испратат два носачи на авиони во Тајванскиот теснец.

Кина тврди дека Тајван е дел од нејзината суверена територија и се заканува дека ќе го врати островот со сила ако се обиде да прогласи независност. Меѓутоа, Тајванците долго време се сметаат себеси за посебен народ.