Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Колев: Зградата на поранешното училиште „Ј.Х.К. Џинот” ќе биде пренаменета за нов клон на ОЈУДГ „Димче Мирчев”

Најдоброто за најмалите! Еден од главните приоритети е обезбедување на соодветни услови за згрижување и воспитување на нашите најмили, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.

Тој инфомираше дека зградата на поранешното училиште „Ј.Х.К. Џинот” ќе биде пренаменета за нов клон на ОЈУДГ „Димче Мирчев”.

– По обезбедувањето на целокупната документација и реконструкција на објектот дечињата од Велес ќе имаат ново катче во кое безгрижно ќе растат. Се грижиме за сите, зашто Велес е на сите нас, додава Колев во својата објава.