Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

„Ковачевски треба да се извини на јавноста, наместо да се сконцентрира на спроведување политики за подобар живот, тој се сконцентрирал за неговите фирми да добиваат државни пари и помош“

Ковачевски да ја сакал државата во 2001 година ќе служел воен рок и ќе ја бранел таа држава, но тој фалсификувал документи и се покажал трајно неспособен за да сега не знае како да се извади де бил во образованието, де имал операција, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.

Петрушевски истакна дека тоа што Ковачевски вели дека интересот му е кај граѓаните, тоа не држи вода затоа што кога требало да биде на страната на граѓаните тој избегал и дезертирал.

„Ги знам на кој начин ги вршат или ги вршеле тие работи на сите тие луѓе околу него кои биле некоја елита на СДСМ во Куманово. Ниту им биле во интерес државата, ниту одбраната на државата. Единствен интерес им било како да избегнат служење на воен рок и нашле еден таков механизам да се претстави за трајно неспособен како не би служел воен рок“, рече Петрушевски.

Тој потенцираше дека најпрвин премиерот Ковачевски треба да и се извини на јавноста затоа што наместо да се сконцентрира на спроведување на политики кои ќе овозможат подобар живот на граѓаните, тој се сконцентрирал на тоа неговите фирми да добиваат тендери државни и државна помош.

„Зарем е европска вредност како премиер да си доделуваш државна помош на своите фирми, зарем европска вредност е на бившиот премиер да му доделиш милион евра државна помош за неговата фирма? Тоа не е европска вредност тоа е балканска вредност“, вели Петрушевски.

Петрушевски кажа дека единствен логички заклучок е дека Ковачевски и таа цела Влада околу него ова го прават само заради парите. Аферата броило е само еден доказ за тоа како премиерот Ковачевски наплаќа за сите овие погубни политики кои ги прави и кои допрва треба да ги прави