Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ковачки: Втор ден молк од Министерството за одбрана за украдените доверливи документи

Од: А1он

Втор ден Министерството за одбрана молчи за украдените класифицирани документи и за украдените компјутери на кои имало строго доверливи документи. бГолем срам е министерство за одбрана на НАТО членка да биде нетранспарентно за ваков настан, а уште поголем срам е да си неспособен да заштитиш класифицирани документи и компјутери вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

dobivaj vesti na viber

– Ова е случај кој мора да заврши со кривична одговорност и кон одговорните кои не преземале мерки и овозможиле поединци или група да во сред центар на градот, се осмелат да влезат во заштитен објект на министерството за одбрана и да крадат документи и компјутери. Според Законот за класифицирани информации, класифицирана информација со степен „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ е информација чие неовластено откривање би предизвикало исклучително сериозна штета за ВИТАЛНИТЕ интереси на Република Македонија. После ваков скандал, министерот за одбрана треба да си поднесе оставка, а Претседателот на државата треба помалку да зборува за енергетската состојба која не му е во надлежност, туку да се заинтересира за тоа кој и зошто се дрзнал да краде мобилизациски и друг тип на документи, како и за тоа колкава штета е нанесена на Одбраната во која тој има надлежност напиша Ковачки на социјалните мрежи.