Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Кралицата Летиција не се откажува од кратката облека: Прошета со шорцеви кои чинат само 10 евра! (ФОТО)

Кралицата Летиција е на одмор на Мајорка со семејството, а најновото издание на облека е како што велат модните критичари, многу шик, пренесува „Експрес“.

Шпанската кралица (49) во средата попладне се прошета низ Мајорка во кратки шорцеви кои чинат само 10 евра. Шорцевите со небесно сини пруги се креација на францускиот бренд „Pimkie“, а Летиција ги спои со едноставна бела кошула.

Заедно со овој феноменален морски стајлинг, кралицата носеше чанта со кожни рачки, која се продава за 69 евра.

Кралицата на својот стајлинг додаде очила за сонце „Каролина Херера“ со тркалезна рамка, кои беа и најскапи кај неа – на продажба чинат 189 евра. Што се однесува до обувките, убавата Летиција се одлучи за рамни еспадрили од модниот бренд „Бос“.

Обожавателите на социјалните мрежи беа воодушевени од излегувањето на Летиција, иако пред некој ден ја критикуваа дека носи фустан кој според некои не и одговара на нејзините години бидејќи е прекраток.

Иако на членовите на кралските семејства им е забрането да носат работи над коленото, во слободното и приватно време можат да си дозволат таков стајлинг.