Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Краткотраен застој на патарината Романовце поради технички проблем

На Коридорот 10 на автопатот „Пријателство“ на наплатната станица Романовце претпладнето имаше пад на системот за наплата на патарините и краткотраен застој во сообраќајот, соопшти Јавното претрпијатие за државни патишта.

-Веднаш беше интервенирано за санирање на техничкиот проблем, а во периодот додека се одвиваа работите за отстранување на проблемот на наплатата станица се премина на наплата на патарините со таканаречени интервентни билети со цел да не се созадава гужва и застој во сообраќајот, се наведува во соопштенито.

Од ЈПДП им се извинуваат на граѓаните кои мораа да го забават своето движење во правец од Табановце-Куманово-Миладиновци и обратно заради настанатиот технички проблем. (МИА)