Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Кривична пријава против криминалец од Битола

Од: А1он

Крималистичката полиција при СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против 32-годишниот М.А. од Битола затоа што во период од месец март до месец септември 2022 година извршил седум кривични дела од кои една разбојничка кражба, четири кражби, една тешка кражба и едно загрозување на сигурноста со опасно орудие, сите на подрачјето на Битола,при што влегувал во куќи и станови и одземал пари, златен накит и други предмети со што се стекнувал со противправна имотна корист, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Последното кривично дело М А. го извршил на 27.09.2022 во Битола, каде заедно со друго лице со цел да прибават противправна имотна корист сториле кривично дело “Разбојничка кражба“ во берберница, при што одзеле пари од касата и физички го нападнале сопственикот“, соопшти МВР.

Од собраните материјални докази и извршените оперативни проверки и извршени разговори со пријавителите и сведоците, како и извршено препознавање од нив, М. А. е лишен од слобода, приведен во полициска станица Битола, при што истиот дел од кривичните дела ги признал во целост.