Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Куќен притвор за руската новинарка која се противи на инвазијата во Украина

Од: А1он

Руската новинарка Марина Овсијаникова, која стана позната откако во март го запре емитувањето на Дневникот на продржавната руска телевизија, носејќи транспарент против офанзивата во Украина, денеска е ставена во домашен притвор.

dobivaj vesti na viber

Рускиот суд објави дека на Марина Овсијаникова и е одреден домашен притвор до 9 октомври.

Таа беше уапсен вчера поради „дискредитација“ на армијата и се соочува со можна затворска казна до десет години.

Новинарката од крајот на јули двапати беше осудена на парични казни за „дискредитација“ на руската армија, поради нејзините пораки на социјалните мрежи во кои ја критикува инвазијата во Украина.

Извор: МИА