Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Курти: Договорот на Русија и Србија за координација на надворешната политика е аларм за Западот

„Се соочуваме со нашиот северен сосед, кого го предводи претседател на страв и закани, кој, покрај тоа што недемократски ја води државата и кој не го признава Косово и злосторствата кои режимот на Милошевиќ ги изврши на Косово, има многу блиски врски со Руската Федерација, што неодамна го видовме со договорот за соработка, кој српскиот министер за надворешни работи го потпиша со рускиот, што треба да е аларм за западните демократски престолнини“, кажа Курти во Пеќ по средбата со градоначалниците на косовските општини.

Вчера на маргините на 77-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации министрите за надворешни работи на Србија и Русија, Никола Селаковиќ и Сергеј Лавров, потпишаа договор за координација на надворешните политики на тие две земји.