Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Курти: Може да не издаваме документи, ако Белград ја прекине таа пракса

Според него, Белград би можел да се откаже од издавањето привремени документи за граѓаните на Косово, пренесува Коха диторе.

„Можно е да не ги издаваме тие документи на 1 септември бидејќи и Србија ќе се откаже од издавање документи на граничните премини со Косово. Додека на српска страна има привремени таблички, ќе ги има и на Косово. Ќе разговараме за решенија, не за одложување. Ги одложивме спроведувањето на мерките од 31 јули за 1 септември, но дури кога ќе се отстранат сите барикади. Реципроцитетот е принцип. Ние немаме еднострани штетни намери“, изјави Курти.

Тој најави дека на состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ и претставникот на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак во Брисел ќе доминираат две важни теми.

„Постојат две важни теми, првата се елементите на општата рамка за општ договор кој подразбира целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија со обострано признавање, а втората тема се актуелните прашања“, кажа Курти.

Наведе дека очекува да се решат „сите тешкотии и пречки кои се јавија во последно време“.

„Ние сме за слободно движење, слободното движење го попречуваат барикадите кои се подигнати на северот, на многу сообраќајници. Во меѓувреме, косовската полиција професионално и храбро се соочи со тешката ситуација“, наведе тој.

Додаде дека мора да се почитува слободата на движење, но дека нелегалните патишта на северот (кои водат кон централна Србија) мора да бидат затворени. Порача дека косовската полиција никој не може да ја спречи да се бори против криминалот.