Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Лавров ги нападна Западот и САД во ОН: „Размерите на русофобијата се гротескни, сакате да нѐ уништите“

„Официјалната русофобија на Западот е без преседан. Размерите се гротескни“, рече Лавров во жестокиот говор на Генералното собрание на ОН.

„Тие не се двоумат да ја објават својата намера да ѝ нанесат не само воен пораз на нашата земја, туку и да ја уништат и разбијат Русија.“

По неколкуте дена во кои западните лидери остро ја осудуваа руската инвазија на Украина, Лавров го искористи редот на Русија на говорницата на Генералното собрание за да возврати на нападите врз Москва предводени од Вашингтон.

Соединетите Држави, рече тој, ја прошируваат доктрината на Монро – својата декларација од 19 век за Латинска Америка како своја ексклузивна сфера на влијание - и „се обидуваат да го претворат целиот свет во свој двор“.

„Прогласувајќи се за победник во Студената војна, Вашингтон се издигна речиси во Божји пратеник на Земјата, без никакви други обврски освен светото право да дејствува неказнето каде и да посака“, рече тој. Тој, исто така, ги бранеше референдумите одржани во петокот во деловите на Украина окупирани од Русија, тврдејќи дека станува збор за луѓе што ја бараат земјата „на која нивните предци живееле стотици години“.

„Западот сега е лут“ поради референдумите, рече Лавров.

Американскиот претседател Џо Бајден и другите западни лидери ветија дека никогаш нема да ги прифатат резултатите од „лажните“ референдуми, сметајќи ги како дел од напорите за насилна промена на границите.