Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Легендите на Манчестер јунајтед прстот го вперија во двајца играчи: Со нив во тимот, нема шанси клубот да се врати на врвот

Манчестер јунајтед прикажа добри партии на подготовките, но денеска загуби од Брајтон на отварањето на новата сезона во Премиерлигата.

Пол Сколс и Рој Кин сметаат дека главен проблем се Скот Мектоминеј и Фред, кои денеска беа стартери и играа еден покрај друг на средината од теренот.

„Подолго време велам, Фред и Мектоминеј не се доволно добри. Со нив во тимот, Манчестер јунајтед не може да се врати на врвот. Секоја недела го гледаме тоа, не се на потребното ниво“ - рече Рој Кин.

Пол Сколас пак вели: „Мектоминеј постојано се обидува да трча со топката, тоа е смешно. Има среќа што не доби црвен. Не разбирам зошто трча со топката наместо да подава. Едноставно треба да му ја додаде топката на најдобриот фудбалер. Тоа што го правеше денеска беше криминал“.

„Фред и Мектоминеј не треба да играат заедно, би рекол дека и само еден од нив на теренот е проблем“.

„Фред многу често прави греши и ја „продава“ топката, додека пак Мектоминеј постојано трча со топката и ја губи“.