Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Литвански министер бара целосна забрана за влез на руски државјани во ЕУ

Забраната е поддржана од земји како Финска и Естонија, но против се германскиот канцелар Олаф Шолц и Европската комисија.

„Идеално, тоа треба да биде одлука на европско ниво со која едноставно би се укинала важноста на тие визи, па сите би престанале да ги издаваат“, рече Ландсбергис. Литванија престана да издава визи за Русите веднаш по почетокот на инвазијата на Украина, како и Естонија и Летонија, додека Финска ги заострува правилата.

Ландсбергис ја доведе во прашање ефикасноста на таквите поединечни мерки од страна на некои земји, бидејќи руските граѓани можат да влезат во Шенген-зоната врз основа на визите издадени во други земји-членки на ЕУ.

„Денес рускиот државјанин може да добие виза во германскиот конзулат во некој руски град, а потоа да патува низ Финска, Естонија, Летонија, Литванија и Полска, каде и да сака да оди на одмор“, рече литванскиот министер.

Чешката Република, актуелниот претседавач на ЕУ, најави дека за ова прашање ќе се разговара на министерски состанок на крајот на август.