Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Лукашенко ја обвини Украина: „На границата се постојани провокации “

Лукашенко му дозволи на својот близок сојузник Русија во февруари да ја искористи белоруската територија за да ја нападне Украина. Но, тој рече дека Белорусија не е страна во конфликтот и дека нејзините сили не се вклучени.

Во изјавата што ја пренесе државната агенција БелТА, Лукашенко рече дека украинските војници распоредени на границата ги блокирале патиштата и поставиле контролни пунктови и стрелачки позиции.

„Со еден збор, не само што се подигнати барикади, туку изграден е и ѕид. Постојано се врши оптичко, радио-електронско и радиотехничко извидување на нашата територија, војска и објекти“, рече Лукашенко, пренесе Ројтерс.

„Често ја нарушуваат линијата на државната граница со своите дронови. А притоа се загрижени и загрижении: Ах, не дозволувајте Белорусија да влезе во војна. И има постојани провокации на границата“.

Украинските власти не одговорија веднаш на барањето за коментар.

Лукашенко рече дека неговата земја била вклучена во конфликтот само за да го спречи неговото ширење во Белорусија и „да спречи напад врз Белорусија под превезот на специјална воена операција од Полска, Литванија и Латвија“.

„Како што реков, никој нема да им пука во грб на Русите од територијата на Белорусија“, нагласи тој.

Сите три западни соседи на Белорусија се дел од трансатлантската алијанса на НАТО, која ѝ помага на Украина да се одбрани од Русија со оружје и разузнавачки информации, но вели дека нема директно да учествува во конфликтот.