Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Македонија ЃП ја прекина победничката серија на Струга ТЛ, Алексовски донесе бод

Струга Трим Лум поведе со гол на Буњамин Шабани во 62. минута, а 15 минути подоцна Македонија Ѓорче Петров остана и со играч помалку откако Матеус Лемос заработи втор жолт картон.

Но и покрај тоа, домаќините не се предадоа. Ермедин Адем на шест минути до крајот промаши пенал за израмнување, но две минути подоцна Алексовски даде гол за 1-1.

Ова беше прв меч без победа за Струга Трим Лум оваа сезона.

Работнички направи изненадување со новиот тандем на тренерското место Милан Илиевски - Баже Илијоски, романтичарите триумфираа во Штип против Брегалница со 3-1.

Резултатот беше отворен во 25. минута кога Крсте Велкоски даде гол од пенал за водство на Работнички. Во 60. минута Брегалница промаши пенал преку Алтипармаковски, но три минути подоцна Милан Ѓокиќ израмни на 1-1.

Сепак, Рушевиќ во 76. минута го врати водството на Работнички, а Велкоски на минута пред крајот ги постави конечните 1-3.