Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Македонија со пораз го заврши настапот на Светското првенство

Македонските ракометарки имаа катастрофално прво полувреме кое го загубија со десет голови разлика, на одморот Хрватска замина со водство од 20-10. На почетокот од вториот дел Хрватките дадоа уште два гола и дојдоа до највисоки 12 разлика. Македонија тогаш се разбуди, направи серија и дојде на минус три, беше 26-23 за Хрватска.

Сепак Хрватките не дозволија да се случи сензација, зголемија на шест позитива и рутински го приведоа натпреварот до крај до нивна победа од 32-28.

Емилијана Ризоска беше најефикасна во нашиот табор со девет гола, а Теодора Дукоска додаде шест. Анџела Жагар со девет беше најефикасна кај Хрватките, а шест даде Ива Буле.

Со овој пораз Македонија на 12. место го заврши настапот на Светското првенство.