Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Максим Димитриевски најавува можна инвестиција на „Лидл“ за логистички центар во Куманово

Димитриевски информираше дека за оваа идеја на компанијата „Лидл“ е информирана и Владата.

„Се обидуваме да изнајдеме начин во оваа локација да ги укрупниме парцелите, бидејќи се работи за огромна површина, некаде околу 20 хектари земјиште на кое треба да биде изградена логистички центар за инвестиција од приближно 75 до 80 милиони евра, што сериозно ќе влијае на кумановското стопанство. Нивните пресметки кажуваат дека само на таа локација дневно ќе се движат околу 150 товарни возила и ќе дава огромна логистичка поддршка самиот центар, а ќе бидат вработени некаде до 300 луѓе“, рече Димитриевски.

Тој истакна дека веќе има добиено две писма со намера за инвестиција од страна на компанијата „Лидл“ во Куманово.

„Постои работна група во општината која работи директно, разговара и преговара за да се постигнат посакуваните резултати. Треба да се оформи парцелата, самото земјиште кое иако е урбанизирано, е на користење на фирма која се занимава со земјоделство. Ја завршивме таа постапка, сега имаме мали проблеми со заштитниот зелен појас во рамки на парцелата, но верувам дека оваа за нас многу важна инвестиција ќе се реализира. Ако последната продажба на земјиште беше 15,7 евра за метар квадратен, а сега треба да се продадат 200 илјади квадратни метри, пресметајте колку пари ќе влезат во буџетот на Општина Куманово која добива 80% од тие средства. Тоа е една сериозна основа за следните капитални инвестиции за развој на градот “, потенцираше Димитриевски.