Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Медведев го спореди Зеленски со Хитлер

„Адолф Хитлер беше последната личност која се обиде да спроведе такви идеи против цел народ. Има ли уште прашања за карактерот на украинските власти?“, напиша Медведев на Телеграм.

Зеленски денес ги повика западните земји да им го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Москва да анектира уште украински територии.

Украинскиот претседател во интервју за Вашингтон пост оцени дека најважните санкции се затворање на границите бидејќи „Русите одземаат туѓа земја“. Додаде дека „Русите треба да живеат во својот свет додека не ја сменат филозофијата“.

Тој смета дека таа мерка треба да важи и за руските државјани кои ја напуштиле земјата во знак на протест против постапките на Москва. Според него, одговорноста за нападот на Украина го сноси „целото население на Русија“.

Зеленски во неделата предупреди дека, ако Москва продолжи со спроведувањето референдуми за приклучување кон Русија на териториите под своја контрола, преговорите со Украина или нејзините меѓународни сојузници нема да бидат можни.