Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мелони ѝ порача на Украина дека може да смета на неа

Италијанската крајнодесничарска партија Браќа на Италија, предводена од Мелони, освои 26 отсто од гласовите на штотуку одржаните избори, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во парламентот, покажаа изборните резултати.

Мелони би требало да стане првата жена на чело на италијанската влада.

Во твитот доцна во вторникот, Зеленски рече дека се радува на „плодна соработка со новата влада“.

Мелони набрзо одговори, велејќи дека може „да сметате на нашата лојална поддршка за слободата на украинскиот народ. Останете силни и вашата вера нека биде непоколеблива“, напиша таа на англиски на Твитер.

Dear @ZelenskyyUa, you know that you can count on our loyal support for the cause of freedom of Ukrainian people. Stay strong and keep your faith steadfast! 🇮🇹🇺🇦

— Giorgia Meloni 🇮🇹 ن (@GiorgiaMeloni) September 27, 2022

Мелони беше една од ретките италијански политички лидери кои сесрдно ја поддржаа одлуката на премиерот во заминување Марио Драги да испорача оружје на Украина, иако таа беше во опозиција на неговата влада.

Наспроти тоа, нејзините два политички сојузници, Лига и Форца Италија, кои беа во коалицијата на Драги, беа многу повоздржани, што ги одразува нивните историско блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин.

Нагласувајќи ја длабочината на тие врски, лидерот на партијата Форца Италија, Силвио Берлускони, минатата недела рече дека Путин бил „принуден“ да ја нападне Украина.