Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Милевски: Овие фудбалери покажаа пристап за секоја пофалба

По поразот од Грузија, Македонија денеска со убедлива победа над Гибралтар од 4-0 ги заврши овие јунски натпревари од Лигата на нации.

„Жалам и јас и фудбалерите што загубивме еден таков меч со Грузија, зашто ги одигравме тие 50-60 минути, можеби според мене и најдобрите, но загубивме како што загубивме. Не знаев дека Бугарија ремизирала со Грузија за да нѐ врати во игра, но одиме понатаму, ќе видиме што ќе се случува во септември“, вели селекторот Милевски. 

„Јас на овие момци можам само да им се заблагодарам, покажаа пристап кој е за секоја пофалба, зашто за овој тим нема разлика со кој игра и кон сите има максимален респект, ама на терен нема кон никој. И им честитам за пристапот и желбата за успех. Им благодарам на сите кои беа дел од овој камп што одвоија 17 дена од одморот кој им припаѓа за да се стават во функција на репрезентацијата и им благодарам за сѐ што покажаа“.

„Сите што беа дел од овој камп покажаа дека имаат потенцијал и квалитет да бидат конкурентни, а сега од нив зависи колку ќе се наметнат во своите клубови за да бидат дел од овој тим. Мене сите ме направија задоволен од пристапот и од односот кон дресот“,