Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Милков: Русија има право да мобилизира Бугари со руско и бугарско државјанство

Од: А1он

Русија има право да мобилизира Бугари со руско и бугарско државјанство кои се на територијата на државата, изјави вршителот на должноста министер за надворешни работи Николај Милков на брифинг во бугарското МНР.

dobivaj vesti na viber

„Додека се на територијата на Русија, доминантен им е рускиот пасош и се третираат како руски државјани“, рече Милков. И прецизираше дека за нив има воени обврски, бидејќи заедно со рускиот пасош „без разлика на тоа што се бугарски државјани, многу е веројатно дека ќе бидат спречени од руските власти кога ќе се обидат да ја напуштат Русија“, предупреди привремениот министер.

Министерот изјави дека се одржува контакт со бугарската мисија во Москва за да се вратат барем студентите со двојно државјанство.

„Има луѓе кои се обратија до амбасадата. Имаме намера да направиме обид за такви луѓе,  главно студенти и да се обидеме да им организираме трансфер во Бугарија или да им обезбедиме ноќевања во комплексот на амбасадите. Засега не се пристигнати конкретни барања. Тоа се нашите превентивни студии и акции“, рече Милков.

Бугарите во Русија кои имаат само бугарски пасош имаат право да ја напуштат земјата. За нив, сепак, тешкотијата доаѓа од недостигот на авионски билети. Бугарското министерство за надворешни работи нема информации колку бугарски државјани живеат во Русија, но тврди дека „ги има многу“.