Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мицкоски: Кога Ковачевски дезертира и бега, го канам Битиќи на состанок да му го објаснам планот за закрепнување на економијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави статус на неговиот профил на Фејсбук преку кој порача дека премиерот Димитар Ковачевски намерно бега од ТВ дуел со него.

Во продолжение следи целиот негов статус:

„Состојбите се пресериозни за вака неодговорен однос на Владата и демонстрација на суета на Димитар Ковачевски. Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го презентирам концептот за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места. Премиерот дезертираше и одби ваква можност. Го повикав на дебата на тема енергетика/економија на медиум кој сам ќе го одбере. Повторно дезертираше. Одби со изговор дека сега не било време. Нудам концепт не само за оваа есен и зима туку и за следната година. Од сето ова политички поени не ме интересираат кога цената е иднината на Македонија и илјадници луѓе чии работни места се под знак прашање.