Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

МОН: Во Македонија првачињата Албанци ќе учат од ист буквар како и врсниците од Косово и Албанија

„Министерството за образование и наука даде согласност за користење на материјалот составен од авторите Мимоза Ѓокутај, Саранда Кумнова, Насер Забели и Тереза Бабасули, кој е посветен на првачињата запишани во училиштата каде што наставниот јазик е албански.

Како одговорна институција која навремено одговара на потребите за непречена и квалитетна реализација на воспитно – образовниот процес, Министерството за образование и наука и во иднина ќе ја поддржи секоја иницијатива за употреба на дидактички материјали кои се од интерес на учениците и помагаат во остварување на целите дефинирани со наставните планови и програми“, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил.

Овој Буквар беше изготвен како резултат на соработката на министерствата за образование на Албанија и Косово и веќе е во употреба во тамошните училишта.