Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Москва: Исфрлање на Русија од ОН е невозможно и опасно

Иницијативата на Русија да ѝ се одземе постојаното членство во Советот за безбедност и во Генералното собрание на ОН е нереална, оцени Вершињин и додаде дека така „лошо замислените идеи“ главно ги застапува Украина.

Тој таквата идеја ја оцени како „непромислена и опасна“.

Постојаниот претставник на Украина во ОН Сергеј Кислица на почетокот на годината бараше Русија да се исфрли од Советот за безбедност на ОН, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до Генералното собрание на ОН минатиот месец праша зошто Русија и понатаму има право на вето во Советот за безбедност. Тој оцени дека со агресијата на Украина Русија ја прекршила Повелбата на Обединетите нации, и дека нејзиното присуство во Советот за безбедност ја изгубило правната основа.

Вашингтон и Брисел ја поддржуваат оваа иницијатива.