Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

МВР: 209 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 209 возачи.

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 104 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.