Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

МВР со детали за убиеното бебе: Таткото го тепал со раце и нозе, па ја нападнал сопругата

Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го уапсиле 44-годишниот С.Б. за кој се сомничи дека околу 00.30 часот физички го малтретирал своето малолетно бебе, кое подоцна починало.

Од МВР информираат дека смрт констатирал лекар од Детска клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде било пренесено се укажување помош.

„Според пријавеното, околу 00.30 часот, С.Б.(44) го удирал бебето, а потоа физички ја нападнал и својата сопруга А.М.(36) од Скопје. После тоа, А.М. го однела бебето во клиниката, каде била констатирана смрт“, информираат од МВР.

Претходно Обвинителството ја информираше јавноста дека 44-годишниот маж со раце и нозе го удирал бебето по главата и телото.

Против С.Б. е поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.