Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

МЗ: Организираме епидемиолошки тим за пациентот за кого е дадена препорака за тестирање на мајмунски сипаници

Од Министерството за здравство информираат дека во моментот немало хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници. Во врска со вчерашната информација објавена во медиумите, според информациитре од кичевската болница, од МЗ велат дека станува збор за суспектен пациент, за кого е дадена препорака за тестирање.

„Информираме дека на Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници.

Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање. 

Во моментов се организира  епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета“, велат од МЗ.

До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници, додаваат во соопштението испратено до медиумите.