Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Родена е Есма Реџепова, кралицата на ромската музика

На 8 август во 1943 година е родена Есма Реџепова, позната македонска пејачка и хуманистка. Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки.

Во 2013 г. ја добила престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината.

Жената со божествениот глас почнувајќи од првите младешки музички успеси стана светски прифатена и призната. Таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот.

Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Почина на 11 декември 2016 година, во Скопје.