Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

На Џон Болтон му е срам колку малку Иран платил за неговиот атентат

Болтон е таргетиран во одмазда за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кое наводно САД го извршува по инсистирање на Болтон.

Зборувајќи за нарачката на атентат и дека му е јасно дека таква закана постои, Болтон за Си-ен-ен изјавува:

„Па, срам ми е колку е ниска цената. Мислев дека ќе биде повисока. Можеби проблемот е во девизниот курс или така нешто.“

Американските медиуми објавија дека бил планиран и уште еден атентат, на поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео, за кого поранешните соборци на Сулејмани биле подготвени да платат 1 милион долари.

Болтон се смета за еден од архитектите на војната во Ирак во 2003, и тој константно се залага за промена на власта во Иран. Тој е клучен за одлуката на Трамп да го раскине нуклеарниот договор со Иран.