Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

На средбата на Вучиќ и Курти во Брисел нема да се разговара за документите и табличките

Причина за тоа, како што наведуваат, е фактот што тие прашања се предвидени со претходни бриселски договори, па не можат да бидат тема на разговорите.

Портпаролот на владата на Косово Перпарим Криезиу во изјава за Косовапрес не прецизираше каков ќе биде дневниот ред, но објасни дека нема да има состанок на ниво на главните преговарачи пред оној на високо ниво.

„За дневниот ред на состанокот навремено ќе ве известиме. Одлуките за регистарските таблички и документите за влез и излез се владини одлуки кои се предвидени во договорите за кои страните се договорија во минатото, затоа не може да бидат предмет на расправа на овој состанок“, кажа Криезиу.

Познавачите на процесот на дијалогот со скепса гледаат на овој состанок.

Политичкиот аналитичар Артан Мухаџери кажа дека на состанокот на Курти и Вучиќ гледа „со скепса“, со оценка дека случувањата на северот на Косово ја смениле динамиката на дијалогот.

„Нормално, не се очекува дека ќе се продолжи исто како пред тие настани. Поради тоа се очекува големиот меѓународен притисок уште повеќе да засили, бидејќи тоа е единствениот начин страните да имаат поголема волја и можност да дојдат до решение. Решението нормално ќе биде креативно, бидејќи Србија не може целосно да ја прифати одлуката на Косово, како што не ги прифати ни претходните одлуки“, кажа Мухаџери.

Тој оцени и дека Србија би можела да се откаже од категорично одбивање на двете косовски одлуки.

Состанокот на Вучиќ и Курти ќе се одржи по повеќе од една година, а неформално се сретнаа пред неколку месеци во Берлин.