Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Надоместоците за членовите на Управниот одбор на „Водостопанство“ намалени за 50 отсто

Од: А1он

Владата извести дека на денешната седница ја разгледала Информацијата со план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и намалување на расходите за 20 проценти пристигната од АД „Водостопанство на Република Северна Македонија“, за која на една од претходните седници беше упатено барање од Владата за појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и беше упатено барање за ревидирање на платите до АД „Водостопанство“.

dobivaj vesti na viber

„Беше донесен заклучок со задолжување Управниот одбор да го раскине менаџерскиот договор со директорот и во иднина сите нови договори да се склучуваат со претходна согласност со Министерството за финансии.

Надоместоците за членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти.

Во насока на намалување на расходите, Владата го задолжи АД „Водостопанство“ да ги намали капиталните инвестиции во износ од 100 милиони денари со што се намалува финансискиот план за износот кој што е предложен од нивна страна“, се наведува во соопштението на Владата.