Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

НАЈУБАВИТЕ ЛУЃЕ СЕ РОДЕНИ ВО ОВОЈ ЗНАК: Астролозите тврдат дека никој не може да им одолее

Иако секој е убав на свој начин, постојат стандардни естетски критериуми кои ги земаме предвид кога оценуваме нечија убавина и привлечност.

Астролозите тврдат дека изгледот може да зависи и од хороскопскиот знак во кој сте родени, а Бикот, Рибите, Девицата и Близнаците се меѓу најубавите знаци. Сепак, само еден знак може да биде на врвот на оваа листа, а тоа е Вагата.

Нивната владетелка Венера ги обдарила со сјајна и густа коса, овално лице, очи во облик на бадем, мал нос и полни усни. Жените често имаат фигура на песочен часовник, па вниманието го привлекуваат со своите женствени облини, а својата убавина ја истакнуваат со суптилна шминка и внимателно избрана облека која ги истакнува нивните добри страни.

Имаат одлично чувство за мода, сакаат накит и ги чуваат работите за себе, што исто така придонесува за нивната привлечност. Затоа не е чудно што многу од најпознатите убавици се родени во овој знак – Ким Кардашијан, Моника Белучи, Кетрин Зета Џонс, Гвен Стефани, Кејт Винслет и Бела Хадид.

Мажите имаат привлечно лице, негувани се и одржуваат форма со вежбање, но внимаваат и на својот моден стил и вкусно се облекуваат.

Жените ги сакаат поради нивната шармантна природа која секогаш прави да се чувствуваат посебно. Некои од шармерите родени во овој знак кои жените ги сметаат за неодоливи се Зак Ефрон, Вил Смит, Мет Дејмон, Виго Мортенсен, Хју Џекман…