Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Наследникот на Генчовска, Милков: Подготвуваме нов документ со кој ќе се дефинираат задачите во билатералниот протокол со Македонија

Од: Орце Костов

Наследникот на Теодора Генчовска во бугарското министерство за надворешни работи, в.д министерот Николај Милков рече дека една од првите обврски на преодната влада во следните два месеца ќе биде усвојување на документ кој ќе ги дефинира конкретните задачи пред инстуциите во Бугарија во однос на билатералниот протокол со Македонија.

dobivaj vesti na viber

Бугарското МНР ги дефинира како важни задачи европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и одбраната и надградбата на постигнатото во последните месеци во однос на европскиот пат на Република Северна Македонија.

„Непосреднa задачa во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија се усвојување на писмен документ со кој ќе се дефинираат конкретните задачи пред институциите во Бугарија со конкретно закажани обврски“, изјави Николај Милков за БГНЕС и додаде дека МНР ќе има брифинг за медиумите секој четврток за јавноста да биде запознаена што е направено од билатералниот протокол.

„Заменик-министерот Костадин Којабашев е и портпарол на министерството, па тој ќе ги води овие брифинзи, кои се 14 на број“, истакна Милков.
Во однос на поплаките од нашата Комисија за заштита од дискриминација дека генералниот конзул на Бугарија бил присутен во културниот центар „Иван Михајлов“ додека траел увидот во Битола, новиот министер Милков не смета дека неговото присуство таму било проблем.

Заменици министри ќе бидат двајца – Велислава Петрова, позната од претходната влада на Кирил Петков и вонредниот амбасадор во Украина досега, Костадин Којабашев. Според Николај Милков, Велислава Петрова направила многу во однос на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој), како и во однос на односите со Македонија. Шеф на кабинет ќе биде Светлана Стојчева-Европолски, поранешен амбасадор во Канада.