Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Настапи на Игор Џамбазов, Петар Грашо, Ареа, Љубојна и Нокаут

Во рамки на настанот на градскиот плоштад, на 7 октомври концерт ќе одржат Игор Џамбазов и Гуру Харе и главната ѕвезда ма вечерта, хрватскиот поп пејач Петар Грашо. Следниот ден на 8 октомври се концертите на Ареа, Љубојна и Нокаут. Настанот ќе го отворат КУД „Вера Јоциќ" и група „Ајдара", информираа организаторите.

Следниот ден, како што додадоа ќе биде резервиран за спортските настани, кои исто така беа одложени.

„На 9 октомври ќе се одржат велосипедската тура Tour the Kalimanci Lake и првата градска ноќна трка на 5 и 10 километри „Каменица најт ран“. На посетителите од Македонска Каменица и регионот им ветуваме добра забава со познатите музички изведувачи“, додадоа организаторите.

Настаните се во организација на Културно-информативниот центар „Романса“, со поддршка од Рудник „Саса" и Општина Македонска Каменица.