Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

НАТО бара од Русија „итно да се повлече“ од нуклеарната централа Запорожје

Тој истакна дека е од клучно значење да се обезбедат услови претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) да го посетат комплексот.

„Итно е потребно да се дозволи да се изврши инспекција на Меѓународната агенција за атомска енергија и да се гарантира повлекување на сите руски сили“, кажа Столтенберг во Брисел.

Тој додаде дека фактот што руските сили ја заземаа нуклеарната централа Запорожје претставува сериозна закана за безбедноста и заштитата на објектот.

„Тоа го зголемува ризикот од можна нуклеарна несреќа или инцидент и го загрозува населението на Украина, соседните земји и меѓународната заедница“, додаде Столтенберг.

Обединетите нации имаат логистички и безбедносни капацитети за да ја поддржат посетата на инспектори на ИАЕА на нуклеарната централа Запорожје, а условот е и Русија и Украина да се сложат со тоа, изјави претходно портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

Тој така одговори на обвинувањата на Русија дека ОН ја блокираат посетата на инспекторите на ИАЕА на најголемата нуклеарна централа во Европа, која Русија, ја зазема во март.