Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

НАТО се закани дека ќе ја засили помошта на Киев како одговор на руските референдуми

„Нашиот одговор, одговорот на НАТО е да ја засилиме поддршката“, кажа Столтенберг за Си-ен-ен.

Најдобриот начин да заврши војната, според Столтенберг, е дополнително да се зајакнат Украинците на бојното поле, за во некој момент да постигнат решение кое е прифатливо за Украина и кое ќе ја зачува таа држава како суверена, независна нација во Европа.

Москва порача дека со референдумите ќе ги припои деловите од Украина кои се под нејзина контрола и потоа обидите на Киев да воспостави власт над нив ќе ги смета како напад врз Русија.

„Токму на тоа треба да бидеме спремни, дека Русија ќе ги искористи овие лажни гласови за понатамошна ескалација на војната во Украина“, кажа Столтенберг во одговорот на прашањето за можниот исход на референдумите.

Додаде дека тие гласови немаат легитимитет и дека ништо не менуваат.

„Ова е и понатаму агресивна војна на Русија против Украина“, кажа Столтенберг.