Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Научници објаснуваат како да го заспиете бебето за 13 минути

Јапонски и италијански научници предлагаат метода за успивање на расплаченото бебе за 13 минути. Тврдат дека родителот ќе го смири детето, така што ќе го држи во раце и ќе се движи, а кога детето ќе заспие нема нагло да го спушти во креветчето.

Бебето треба да се допре до телото и да се носи пет минути со изедначено темпо без нагли движења, пишуваат научниците во магазинот Current Biology. Кога ќе заспие, треба да се држи уште пет до осум минути пред да се стави во креветче.

-Многу родители страдаат бидејќи бебето им плаче. Тоа е голем проблем, особено за неискусните родители, кои дополнително може да го подигне нивото на родителски стрес и во ретки случаи дури да доведе до злоставување на детето, вели една од авторките на студијата Куми Курода од научниот институт Рикен во Јапонија.

Таа и нејзините колеги следеле како децата реагираат во четири ситуации: додека мајката ги држи во раце истовремено движејќи се, додека ги држи во седечка положба, додека лежат во креветче и во ситуација кога нежно ги нишаат.

Нивното однесување било снимено на камера, а ЕКГ уред им го мерел отчукувањето на срцето.

Расплаканите деца се смириле по 30 секунди носење, а чукањето на срцето се намалило. Сите деца престанале да плачат, а потоа заспале.

Доколку мајката веднаш го ставила во креветче, бебето се будело во просек за 20 секунди. Веројатноста дека ќе се разбуди била многу помала ако мајката и по заспивањето го држела детето во раце уште неколку минути.

Иако во студијата учествувале само мајка, Курода смета дека реакцијата на бебето би била иста и со таткото или некое трето лице кое го чува.

Бидејќи во ова истражување учествувало само 21 дете, научниците напоменуваат дека нивните резултати треба да се потврдат со опсежна студија.