Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Научниците ги утврдија спецификите на мозокот на лицата кои умираат: Еве што всушност се случува

Многу луѓе размислуваат за тоа што се случува по смртта, па се прашуваат како изгледаат последните моменти, дали животот навистина „прелетува“ пред нашите очи и што не чека по последниот здив. Научниците со години се занимаваат со оваа тема, а сега ја решија дилемата – дали умирањето изгледа како процес на заспивање или сме свесни дека исчезнуваме.

– Умирањето е уникатно искуство за поединецот и нивните најблиски. Има многу повеќе од физиолошки промени кои придонесуваат за искуството на умирање. На пример, личноста на едно лице, товарот на болеста, поддршката од семејството и пријателите, времетраењето на смртната болест и нивната духовност – објаснува д-р Патрик Стил, специјалист за палијативна нега.

Сепак, постојат одредени физиолошки промени кои се случуваат универзално.

– Редовните шеми на дишење може да се променат. Понекогаш може да биде побрзо од нормалното, а понекогаш и побавно. Во последните денови, може да има периоди каде што има долги празнини помеѓу вдишувањата. Дишењето може да стане бучно на крајот од животот. Тоа е акумулација на отпадни производи, секрети на телото. Често е повеќе вознемирувачки за оние што слушаат отколку за поединецот што умира, опишува Стил.

Организаторот на студијата, д-р Ајмал Земар, неврохирург на Универзитетот во Луисвил, вели дека ова може да значи дека идејата дека животот „лета пред нашите очи додека умираме“ е втемелена во науката.

– Како неврохирург понекогаш се справувам со загуба. Неописливо е тешко да се пренесе веста за смртта на вознемирените членови на семејството, рече неврохирургот, додавајќи:

– Нешто што можеме да научиме од ова истражување е следното: иако нашите најблиски имаат затворени очи и се подготвени да не напуштат, нивниот мозок можеби повторува некои од најубавите моменти што ги доживеале во нивните животи, додаде д-р Земар.