Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Нема дискусија за враќање на воениот рок, став и на МО по изјавата на командантот на Армијата

Во Министерството за одбрана досега не се разгледувала никаква можност за задолжителен воен рок, соопшти министерството

„Армијата на Република Северна Македонија е целосно професионална Армија и досега нема никакви планови, ниту консултативни процеси за враќање на задолжителното служење воен рок. Одлуката за професионална војска ќе продолжи да се применува, истовремено исполнувајќи ги сите обврски на државата кои произлегуваат од членството во Алијансата.

Министерството за одбрана е институција во која секој професионалец има право, можност, но и обврска да го каже својот став и истиот да биде слушнат. Ако постои интерес во јавноста, Министерството е отворено да дискутира за секое прашање, вклучително и ова“, се вели во соопштението.

Професионалната војска е стратегиска одлука, рече денеска претседателот на Македонија и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски:

„Укинувањето на обврската за задолжително служење на воен рок од 2006 година и целосната професионализација на Армијата е одлука што е донесена како дел од процесот на трансформација на Армијата, согласно анализите и проценките на ресурси и потреби на земјата, во целосна координација и консултации со НАТО", истакна шефот на државата.

Синоќа генералот Ввско Ѓурчиновски во телевизиска изјава категорично се заложи за враќање на задолжителното служење на воен рок.

„Категорично ќе кажам да, има потреба. Знам дека на одредена популација можеби ова нема да им е популарна мерка. Има потреба од причина што 3 или 4 месеци служење на задолжителен воен рок, пример, за машката популација, доколку се воведе, не мора да стартува веднаш. Може првите година, две да бидат преодни, па да се започне од 2025 година на пример. Зошто да не и женскиот пол, доброволно, да може да служи три месеци воен рок", рече Ѓурчиновски.