Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Николоски: Ќе имаме многу тешка зима

Јас мислам дека ќе имаме многу тешка зима, особено затоа што владата не направи ништо пролетта и летово да се подготви за зимата. Додека, еве од регионот ќе почнам, и Александар Вучич и Еди Рама, па ако сакате и во Бугарија заради тоа падна Влада, се спремаат за зимата, ги полнат резервите со храна, со гас и така натака, во Македонија владата функционира како, онаа приказната за штурецот и мравката, во кој што владата е штурецот, постојано си свири и ужива во летото, ама проблем е што ќе се случи кога ќе дојде зимата, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во вечерашното гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија, Николоски истакна дека во моментов Македонија се наоѓа во исклучително лоша економска ситуација, која што не смееме да ја поцениме, особено во енергетскиот сектор каде што на граѓаните веќе почнаа да ги добиваат високите сметки за струја, која не е поскапена само 13% како што велат од Владата туку поскапена е за 100%, додека за компаниите достигнува и поскапување од 300 до 500 проценти.

„Не смееме да ја потцениме економијата. Ова што во моментов го гледаме е исклучително лоша ситуација, пред се во енергетскиот сектор каде што почнаа да стигаат сметките за струја, кој што за граѓаните не се 13 проценти повисоки како што беше кажано, туку и до 100 проценти а за компаниите се 300 до 500 проценти“, истакна Николоски.
Во однос на непреземањето навремени мерки и тоа што периодот на пролетта и летото, власта не го искориси да се спреми за зимата, Николоски вели дека Македонија е ставена во ситуаци како во периодот на короната, кога последна доби вакви, а македонските граѓани во колони мораа да одат во Србија да се валцинираат, така и сега ќе мора во зима да ги моли за брашно, масло и струја кај соседите.