Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Николоски: Поради сметки за струјата граѓаните се пред економско опустошување

 Граѓаните се соочуваат со економско опустошување поради високите сметки за електрична енергија, тврди потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски, кој ја обвини Владата за таквата состојба. Според него, зголемувањето на цената е повеќекратно.

Првите сметки почнаа да стигаат со новите цени, мислам тука на електричната енергија и се далеку поголеми од тие 13 отсто кои што Владата ги најави дека ќе е покачувањето, а за фирмите се зголемени за 300 до 500 отсто, значи за 3 до 5 пати се зголемени цените за електрична енергија. Ако некоја фирма на пример плаќала 5.000 евра за електрична енергија, сега плаќа помеѓу 15 и 25.000 евра за електрична енергија што ги носи фирмите кон колапс и кон возможно затварање на истите, да не зборувам за другите, изјави  Николоски од Тетово.

Тој го повтори ставот дека вонредните локални избори за Совет на Тетово ќе иницираат  предвремени парламентарни избори во услови на покрај национално понижување кое што се случува на Македонија пред се со бугарскиот договор.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е веќе поделена низ градот Тетово, таму имаме конкретни мерки за подобрување на инфраструктурата, понатака вложување во екологијата пред се во развој на паркови и создавање на голем градски парк, понатаму решавање конечно на проблемот со водоснабдувањето и бројни други проблеми со кои што се соочуваат тетовчани. Секако тука се и економските предизвици коишто и не се секогаш во надлежност на советот  да може советот да помага, а овие локални избори мислам дека ќе се и вовед во предвремени парламентарни избори, рече Николоски.

Тој очекува  околу ВМРО-ДПМНЕ да се обединат што поголем број на граѓани и да дадат доверба, како  и  дека се очекуваат најмалку шест советници во Советот коишто ќе бидат клучни при одредувањето на мнозинството