Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Николова: Го зголемуваме бројот на образовни асистенти за учениците со попреченост

Од: А1он

Владата предводена од СДСМ продолжува со грижата за сите категории граѓани, продолжува да инвестира во образованието. Го подигнуваме степенот на инклузивност во воспитно – образованиот систем. Во тој правец е и воведувањето на услугата образовна асистенција како обврска на државата уредена со закон рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

dobivaj vesti na viber

– Ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и не е на трошок за семејствата на учениците. Минатата година беа ангажирани 500 образовни асистенти низ целата држава. Од следната учебна година, имајќи ги предвид барањата и потребите на родителите, бројот на образовани асистенти ќе се зголеми на 720. Денеска веќе е и објавен огласот за вработување на 200 образовни асистенти во 16 општини во државата. На овој начин, од учебната 2022/2023 година, ќе се зголеми опфатот на ученици со попреченост кои ќе добијат образовен асистент, а ќе се ангажираат и дополнителни 200 лица во образовниот систем вели Николова.