Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Норвешка ја зајакнува контролата врз границата со Русија

Од: А1он

Норвешките власти денеска соопштија дека ќе ја засилат контролата на границата кон Русија на Арктикот и целосно ќе ја затворат доколку е потребно.

dobivaj vesti na viber

Преминот „Сторског“ на речиси 200-километарската граница на Норвешка со Русија на крајниот север од земјата последните денови беше практично единствената преостаната точка за влез во Шенген-зоната за Русите со туристички визи.

„Полицијата има солидна контрола над ’Сторског’ и сега го зајакнуваме нашето присуство во граничната област околу преминот“, рече министерката за правда Емили Енгер Мел.

Меѓу другото, од денеска областа ќе ја надлетува полициски хеликоптер опремен со сензори за откривање лица кои се би се обиделе илегално да ја преминат границата.

За разлика од соседна Финска каде по мобилизацијата армиски резервисти во Русија е забележан пораст на бројот пристигнати руски граѓани, Норвешка не ја затвори границата за Русите.

„Ќе ја затвориме границата брзо ако тоа стане неопходно. Тоа може да се случи наскоро“, додаде Мел.

Извор: МИА