Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Нов бран корона се заканува да ја поплави Европа, бројот на заразени се зголемува

Од: Маја Терзиова

Податоците на Светската здравствена организација објавени во средата покажаа дека бројот на заразени лица во ЕУ минатата недела достигна 1,5 милиони, 8 отсто повеќе од претходната недела.

dobivaj vesti na viber

Новиот бран на коронавирусот се заканува да ја поплави Европа, а експертите за јавно здравје предупредуваат дека дополнителните видови вакцини ќе предизвикаат збунетост кај оние кои ги примаат, пренесува Ројтерс.

Варијантите на Омикрон кои беа најдоминантни ова лето сè уште стојат зад поголемиот дел од инфекциите во Европската унија и Велика Британија, но додека бројот на тестирани луѓе се намалува, бројот на заразени се зголемува.

Научниците следат стотици нови форми на омикрони, изјавија претставници на Светската здравствена организација (СЗО) оваа недела.

Податоците на Светската здравствена организација објавени во средата покажуваат дека бројот на заразени лица во ЕУ минатата недела достигна 1,5 милиони, 8 отсто повеќе од претходната недела.