Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Нова книга од „Матица македонска“ - „Смислата на животот“ од Предраг Чичовачки

Денес кога сме преплавени од популарна литература за тоа „како да се успее во животот“, „кои се тајните на среќата“ и слично, реткост е да се дојде до една продлабочена, философска и темелна анализа на една таква тема како што е смислата на животот. За „кусиот пат до личната среќа“, авторот на ова ретко издание црпи од сопственото животно искуство и од примерите на големите мудреци за да истакне дека нашата среќа е директно зависна од другите околу нас, од луѓето со кои се дружиме, од оние што ги цениме и сакаме, од кои добиваме поглед на љубов или ќе слушнеме мудар совет. Болно и трауматично доживување на изолираност што го имавме за време на пандемијата сосема јасно ни покажа дека не можеме еден без друг и дека нема индивидуална, себична среќа ако не ја делиме со оние што ги почитуваме и сакаме. Накусо, смислата на нашиот живот не е просто лична, индивидуална творба, туку израснува од добронамерниот и богат дијалог со светот околу нас.

Целата на оваа сложена материја во книгата „Смислата на животот“ е изложена концизно и на јасен, разбирлив јазик, при што авторот постојано се потпира на своето искуство стекнато и како долгогодишен универзитетски професор и при своите многукратни истражувачки престои во САД, Европа и Индија.

Предраг Чичовачки е автор на низа значајни дела објавени на англиски јазик во светот, а меѓу позначајните се издвојуваат неговите монографии за Толстој, Достоевски и Ганди.