Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Нови 96 случаи на коронавирус, починаа три лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 729 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 55, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка – по 2, Неготино, Радовиш и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 37 оздравени пациенти од: Скопје – 20, Куманово и Кавадарци – по 4, Велес – 3, Штип и Неготино – по 2, Битола и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани две починати лица од Скопје (81г и 91г), двете лица се починати во домашни услови.

Направени се 729 тестови: ИЈЗ-107, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-15, Биотек 16, Систина-5, лабораторија Лаор-1, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-2, Генеа-0, Никоб Лаб-16, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика-0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.