Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Новиот рејнџ ровер спорт претставен во Македонија (ФОТО+ВИДЕО)

Исто како и на светската, новиот рејнџ ровер дебитираше на македонската сцена на дело и во акција, со прикажување снимка од ултимативниот предизвик снимен во Исланд, на најголемата брана од ваков вид во светот. Се спротистави на напливот на водата што тече со брзина од 750 тони во минута искачувајќи се по каналот долг 193 метри. Се демонстрираа неговата цврстина, влечна сила, перформанси и смиреност во екстремни услови.

Новиот рејнџ ровер спорт плени со уверливиот карактер, со повеќе став од кога и да е. Драматичните пропорции, мускулестиот став и заострените површини изразуваат моќ, перформанси и агилност. Ја прифаќа редукциската природа на филозофијата за модернистичкиот дизајн, додека ги воздигнува клучните состојки на неговите гени. И во внатрешноста модернистичката филозофија продолжува, создавајќи баланс помеѓу одмерената воздржаност и емоционално изменетиот ангажман на возачот. Новиот рејнџ ровер спорт го редефинира спортскиот луксуз во вистинска смисла.

Што и да се случува, новиот рејнџ ровер спорт има сè под контрола. Под површината изобилува со најсовремена технологија за справување со секаков терен но и технологија за поврзан, прeфинет, модерен луксуз. Најновиот и најдобар електричен плаг-ин хибрид е погонски систем како ниеден друг. Целосно електрична способност, за речиси секое патување, бидејќи може да се поминат повеќе од 80 километри со едно полнење. Електричниот плаг- хибрид значи и електрични перформанси. 510 коњскисили комбинирана моќност од 0-100 километри на час за само 5,4 секунди. Тука е динамичното воздушно потпирање, нова технологија што содржи воздушни пружини, со две воздушни комори. Ова го одржува возилото во брзите свиоци и при нагло забрзување или сопирање, а погонот на сите тркала реагира побрзо и непречено, секогаш кога ќе го свртите воланот. Поагилен на мали брзини и посигурен при големи брзини. Новиот рејнџ ровер спорт е подготвен за секој предизвик. Пионерската архитектура на Ленд Ровер МЛА-флекс и најновите системи на шасија се во фузија за да го испорачаат највисокото ниво на динамика што досега е виден кај рејнџ ровер спорт.

Резултатот е најпривлечниот и највозбудливиот рејнџ ровер спорт досега кој македонската публика ексклузивно има можност одблиску да го запознае во салонот на Аутомобили групата.