Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Објавена листа со 15 македонски државјани кои се бореле за ИСИС во Сирија

Од: А1он

Имињата на 15 лица кои се борелеза „Исламска држава“ во војната во Сирија за првпат се појавија на списокот објавен од македонската влада во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разузнавање.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за одлука на владата за „воведување финансиски мерки против тероризам, ширење оружје за масовно уништување и нивно финансирање донесена на 13 септември.

Повеќето од 15-мина лица се на возраст од околу 30 години. Дестмина од нив се од Скопје, по двајца се од Куманово и Гостивар и еден од Струга.

Со владината одлука се воведуваат рестрикции за овие 15 лица за „користење, пренос, конверзија, трансфер или друг вид на располагање со имот, забрана на ставање на располагање на било каков имот, како и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.“

Сите 15 лица се надвор од државава и за нив се распишани потерници. Одлуката е оденесена пред два дена.