Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Обвинителството се вклучи во сообраќајката со превртениот камион во која се повредени 35 мигранти

Како што веќе информираше МВР, синоќа во 18.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат М-1, во близина на клучка за село Марвинци, валандовско, товарно возило сканија со приколка, со скопски регистерски ознаки, излетало од патот.

Возачот побегнал, а на лице место биле пронајдени 49 мигранти, кои според нивно кажување биле од Сирија. Во несреќата едно лице мигрант се здобило со тешки телесни повреди, а 34 се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медициските центри во Гевгелија и Струмица.

Останатите лица мигранти биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг" Гевгелија.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.